Почнаа осумдневните карневалски празнувања во Струмица

-Горди на вековната традиција, посветени на сегашноста и заветни кон иднината, вечерва го започнавме најновото издание на Струмичкиот карневал!Во свечена и уникатна карневалска атмосфера пред општинската зграда, со посебна чест и задоволство им го предадов клучот на градот на струмичките карневалисти на чело со претседателот на Организациониот одбор на струмичкиот карневал Александар Цицимов објави градоначалникот […]

Костадинов:Создаваме подобри услови за живот за нашите сограѓани во Турското

-Ветивме дека местото на старата маларична болница ќе прерасне во убав спортски центар со фудбалско и кошаркарско игралиште и со уште поважно паркинг места за автомобили и автобуси за потребите на џамијата и храмот на Светите 15 Тивериополски Свештеномаченици и денеска започнаа градежните активности, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. -Дополнително ги издадовме одобренијата за […]

Во Струмица одбележана 21-годишнината од трагичната смрт на претседателот Трајковски

Пред споменикот „Македонија“ во големиот градски парк подигнат во негова чест, денеска општина Струмица со пригодна свеченост ја одбележа 21-годишнина од трагичната смрт на претседателот Борис Трајковски. За животот и делото на Трајковски зборуваше градоначалникот Костадин Костадинов, кој меѓу другото рече: -Како втор претседател на Република Македонија, Борис Трајковски знаеше да биде на висина на […]

Македонија без напредок на рангирањето на „Фридом хаус“ за 2024

Северна Македонија е делумно слободна земја – ова е оценката што земјава ја доби за 2024 година од организацијата „Фридом хаус“ во својот најнов годишен извештај „Слобода во светот“ во кој, на глобално ниво, го оценува пристапот на луѓето до политичките и граѓанските права и слободи. На скала од 0 до 100 поени, на која 0 поени […]

21 година од загинувањето на Борис Трајковски

Во Скопје, Струмица и во Ротимље близу Мостар денеска ќе бидат одбележани 21 година од авионската несреќа во која животот го загубија поранешниот претседател Борис Трајковски, членови на неговиот кабинет и екипажот на авионот. Членови на семејствата, државни и други делегации ќе положат цвеќе на гробот на Трајковски Градските гробишта Бутел во Скопје и на […]

Одлука на Советот на Струмица:на местото на стариот суд ќе

На местото на зградата на Стариот суд којашто е во руинирана состојба, ќе се гради Митрополија на Струмичката епархија, ваква одлука денеска едногласно беше донесена од членовите на Советот на Општина Струмица на 48 – та седница. Предлог – одлуката за давање на трајно користење на објект на МПЦ – Струмичка Православна епархија пред советниците […]

Ефтим Ричлиев е најдобар спортист на Струмица за 2024 година

Одбојкарот на ОК Струмица и член на репрезентацијата, Ефтим Ричлиев е избран за спортист на годината на Струмица за 2024 година на изборот што вечерва се одржа во Младинскиот центар. Тој од жири комисијата доби масимален број бодови. Второто место го освои фудбалерот Мартин Ѓоргиевски, член на Брера Струмица, а третото место одбојкарката на Струмица […]

Директорот Ѓоргиев ја презентираше годишната програма на НУ„Завод и музеј“

-Вкупниот буџет за програмските активности на музејската дејност како и на секторот за заштита и конзервација на недвижното културно наследство  финансиран од страна на Министерството за култура и туризам, изнесува 6.490.000 денари. Тоа значи дека вкупниот буџет на нашата институција за реализација на програмските активности во музејската дејност и во секторот заштита, во однос на […]

Фото: карневалските маски „Холандија на дланка“ и „Разиграни сложувалки“ учествуваа

Карневалските маски „Холандија на дланка“ на ООУ „Видое Подгорец“ и „Разиграни сложувалки“ на Здружението за песни и ора „Фолклорна низа“ учествуваа на Карневалот во Херцег Нови, Црна Гора, кој се одржува во рамките на Фестивалот на мимозата. Настапот на двете карневалски групи предизвика огромен интерес не само кај публиката, туку и кај тамошните медиуми и […]

Загина возач во Радовиш откако доживеал срцев удар и удрил

СВР Струмица соопшти дека вчера во 10:52 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на ул.„8 Септември“ во Радовиш, додека управувал патничко возило „сузуки“ со радовишки регистарски ознаки, на С.Ѓ.(70) од село Воиславци, радовишко, му се слошило и починал, по што со возилото излетало од коловозот и удрило во столб и паркирано патничко возило […]