fbpx

Бензините поскапуваат од ноќеска на полноќ

 Бензините поскапуваат од ноќеска на полноќ

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 23.11.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 62,50 денари за литар, соопштија од Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), се зголемуваат за 1,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 23.11.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 53,00 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 53,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,020 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката од 23.11.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 28,501 ден/кг

Share via
Copy link