Учениците од „Никола Карев“ ќе ги санираат оштетените 190 клупи за седење во Градскиот парк
Благој Спасов наместо да слави роденден донирал новогодишни пакетчиња во струмичкиот Црвен крст

Денеска во просториите на Општинската организација на Црвен крст Струмица Благој Спасов донираше 30 новогодишни пакетчиња.
Пакетчињата ги купил од парите што му биле планирани за роденденска прослава, па наместо да слави роденден овој хуман граѓанин се одлучил за донација.
Пакетчињата ќе се донираат на дечиња од ранлива категорија.