Струмичанец приведен во Штип- управувал возило со 2,19 промили алкохол
Босилово подготвува техничка документација за фекална канализација по модел на Гази Баба
Оваа година Општина Босилово одвојува околу 3.000.000. денари за изработка на комплетна техничка документација за фекална канализација во Босилово.Го бараме најдоброто можно техничко решение за Босилово!, објави градоначалникот Ристо Манчев.
-Бидејќи Босилово нема употреблив проект за фекална канализација, а имајќи ги во предвид спецификите на теренот во Босилово и проблемите со подземните води со кои се соочуваме во Моноспитово, неколку претставници од Општина Босилово бевме во посета на општина Гази Баба – Скопје. Целта на посетата беше да се види како во пракса функционира фекална канализација со вакум систем, наспроти традиционалниот гравитационен систем. Станува збор за модел, односно вакум систем, кој не бара копање по 4 метри, туку цело време се турка водата со негативен притисок во цевките на длабочина од 1 до 1.5 метри. Голем број на земји од Европа, во рамничарски предели и места со високо ниво на подземни води го имплементираат токму овој модел. Анализите и прибирањето на искуство е во тек и целта е до крајот на Април да се распише тендер за изработка на техничка документација, а следната година да започне изградбата на фекална канализација во Босилово, напиша градоначалникот на Босилово.