fbpx

Брера ја запиша првата победа на подготовките во Банско

 Брера ја запиша првата победа на подготовките во Банско

Македонскиот прволигаш Брера Струмица го забележа првиот триумф на подготовките во Банско. Денеска струмичани со 2-1 славеа во соочувањето соХапоел Ерусалим.

Момците на Круњ победата ја обезбедија уште во првото полувреме, кога ги постигнаа и двата гола. Резултатот го отвори Ристовски во 35. Минута, а пред крајот на полувремето погоди Ивковиќ. Брера пред да замине за Банско одигра и пријателски натпревар со Беса и забележа минимален пораз од 1-0.

Струмичкиот тим ова лето направи сериозни промени во играчкиот кадар. Неколкумина првотимци го напуштија клубот, но на нивните места се доведени соодветни засилувања. 

Share via
Copy link