Актерите на Струмичкиот театар со „Црна дупка“ ја кренаа завесата на 32. ФКТ „Ристо Шишков“
Честитка од градоначалникот Костадинов по повод Меѓународниот ден на младите
Мои млади сограѓани,
Од многуте напишани мудрости за Вас – младите, една мудрост е најблиска до вистината, а таа гласи: „На младите светот останува“.
Не дозволувајте она што е напишано да остане само на хартија, туку погрижете се општината, татковината и светот да ги направите подобри отколку што сте. Младите тоа го можат затоа што се највредната сила на секое едно општество.
Бидете свесни за своите квалитетни предиспозиции и за капацитетот со кој располагате. Искористете ја шансата која ви ја овозможува младоста со сите нејзини позитивни белези.
Општина Струмица била, е, и ќе биде Ваш верен поддржувач на патот по кој одлучно чекорите. Мојата и нашата верба во Вас останува силна и непоколеблива.
Нека ви е честит 12 Август – Меѓународниот ден на младите.