fbpx

„Цитроен“ удрил во велосипедист во Струмица

СВР Струмица информира дека вчера околу 08:45 часот во Струмица после кружниот тек на булеварот „Ленинова“ со улицата „Цветан Димов“, пред Амфитеатарот, патничко моторно возило „Цитроен“ со струмички регистарски ознаки управувано од К.Т.(39) од Струмица удрило во велосипед управуван од Л.С.(56) од Струмица.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.С., констатирани во струмичката болница.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Струмица.

Share via
Copy link