fbpx

Нови 27 инфицирани и 28 оздравени од Ковид-19 во Струмица

 Нови 27 инфицирани и 28 оздравени од Ковид-19 во Струмица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 3.858 тестирања, а регистрирани се 525 нови случаи на КОВИД-19:

• Скопје – 268• Куманово – 40• Струмица – 27• Штип – 25• Битола – 23• Охрид –17• Велес и Свети Николе – по 16• Кавадарци – 15• Кичево – 14• Прилеп и Кочани – по 10• Крива Паланка – 9• Гевгелија – 6• Струга – 5• Тетово и Радовиш – по 4• Неготино – 3• Гостивар, Берово, Валандово и Кратово – по 2• Ресен, Виница, Пробиштип, Демир Хисар и Демир Капија – по 1.

Регистрирани сe 449 оздравени пациенти од: • Скопје – 246• Куманово – 30• Струмица – 28• Штип – 20• Кавадарци – 14• Кичево – 13• Гостивар – 12• Велес и Свети Николе – по 10• Битола и Кочани – по 9• Прилеп, Тетово и Радовиш – по 7• Крива Паланка, Гевгелија и Ресен – по 5• Богданци – 4• Кратово и Виница – по 2• Неготино, Демир Хисар, Крушево и Македонски Брод – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица:

3 починати лица од Скопје (82г, 83г и 87г), по 2 починати лица од Куманово (75г и 65г) и Тетово (69г и 38) и по едно починато лице од Прилеп (81г), Демир Хисар (71г), Кичево (70г), Штип (69г) и Делчево (60г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 6 лица, со датум на смрт во период од 22.08.2021 до 19.09.2021 година. Овие починати лица се: по 2 од Тетово и Куманово, и по едно починато лице од Кичево и Гостивар. Починатите се на возраст од 56-84 години, од кои само едно лице е починато во болнички услови, додека останатите 5 лица се починати во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.269.370 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 189.159 бројката на оздравени пациенти е 170.395, на починати е 6.557, а бројот на активни случаи изнесува 12.207

Share via
Copy link