fbpx

Црвен крст Струмица одржа симулативна вежба за спасување од земјотрес

 Црвен крст Струмица одржа симулативна вежба за спасување од земјотрес

Во организација на Општинската организација на Црвен крст Струмица денеска се одржа симулативна вежба за спасување од земјотрес во ООУ „Сандо Масев“ Струмица.

Вежбата се состоеше од симулација на земјотрес, пожари и извлекување на ученици и повредени.

-Вежбовните активности се одвиваат секоја година и оваа ја завршуваме со оваа вежба. Со овие вежби сакаме да ја подигнеме свеста кај граѓаните за сопствената заштита и самозаштита, како и спроведување на законските одредби и зголемување на знаењата на наставниот кадар и на учениците, кои се најранлива категорија во вакви случаи, рече Љупчо Јанков од Црвен крст Струмица..

Во вежбата покрај волонтерите на Општинската организација на Црвен крст учествуваа пожарникари од ТППЕ Струмица, ДЗС, ЦУК и Итната медицинска помош.

Share via
Copy link