Струмичани во најголем дел не знаат да го селектираат отпадот и ги кршат контејнерите
Црвен крст Струмица со онлајн обука за безбедни училишта и градинки
Црвениот крст на Република Северна Македонија континуирано работи на зајакнување на капацитетите на образовните институции и намалување на ризиците од катастрофи.
За таа цел, во рамките на регионалниот проект „Безбедни училишта и градинки“ поддржан од „ЕРАЗМУС+“ програмата беа подготвени Европски и Национални препораки за застапување за намалување на ризици од катастрофи, прва помош и психосоцијална поддршка во образовни институции.
Претставник од ООЦК Струмица во рамките на регионалниот проект „Безбедни училишта и градинки“ поддржан од ЕРАЗМУС+ програмата, одржа дисеминациска онлајн обука на претставници од повеќе основни училишта и градинки од регионот на Струмица.