Македонските олимпијци под „научен скенер“ за Лос Анџелес 2028
Див приклучок на јавното осветлување во Радовиш предизвика прекин на повеќе улици

Див приклучок на струја на разводната табла на градското јавното осветлување предизвика прекин во снабдувањето со електрична енергија на следните улици: Шаин Маале, Калузлиска, Плачковица (дел), Стојмен Трајков, Мирче Ацев, Готен, Стив Наумов (дел), Серта и дел од улица Мито Хаџивасилев, информираа од Општина Радовиш.
-Тековно се врши увид во состојбата и се проценува материјалната штета по што ќе следува санација. Екипите работат на терен, се замолуваат засегнатите жители да имаат разбирање.Воедно сакаме да ја информираме јавноста дека дивото приклучување на дистрибутивната мрежа е кривично дело и претставува голем ризик за пожар, стои во информацијата од општината.