fbpx

Едно лице загина во сообраќајка на патот Струмица-Берово

 Едно лице загина во сообраќајка на патот Струмица-Берово

Маж на 48 годишна возраст го загуби животот попладнево во сообраќајна несрeќа која се случи на регионалниот пат Струмица-Берово, во близина на крстосницата за селото Сарај.

Според информациите од СВР Струмица во несрeќата учествувале патничко моторно возило и камион, а повеќе детали оттаму најавуваат по завршувањето на увидот.

Во автомобилот имало уште едно лице кое поминало без повреди.

Share via
Copy link