„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Досегашните градоначалници на Василево, Босилово, Богданци, Валандово, Дојран и Конче ќе трчаат за втор мандат
Актуелните градоначалници на Василево, Марјан Јанев и на Босилово, Зоран Зимбаков, ја добија довербата на вечерашната седница на Извршниот одбор на СДСМ повторно да се кандидираат за градоначалници на овие општини.
За другите две две општини во Струмичкиот регион, Струмица и Ново Село, се уште е неизвесно кој ќе ја добие довербата да влезе во изборната трка за градоначалник.
Во останатите општини од Југоисточниот регион потврдена е кандидатурата на сегашните градоначалници на Богданци, Блаже Шапов ,на Дојран, Анго Ангов и на Конче, Благој Илиев, а претходно прва беше потврдена кандидатурата на актуелниот градоначалник на Валандово, Перо Костадинов.
Во наредниот период се очекува да се дознаат имињата на кандидатите за градски татковци на Радовиш и Гевгелија. Таму градоначалници се Герасим Конзулов, односно Сашко Поцков.