fbpx

Дуото Дац и Митевски ги оживеа евергрините

 Дуото Дац и Митевски ги оживеа евергрините

Синоќа на Струмица ОПЕН фестивал се одржа одличен двочасовен концерт на дуото Драган Спасов – Дац и Александар Митевски. Музичарите приредија вистинска евергрин вечер за сите генерации. Во публиката присуствуваа околу 200 посетители, поради ограничениот простор во градскиот парк. 

Изненадување за публиката беше гостувањето на 5 членови од студиото за модерен балет „Газели“ кои придонесоа за кулминација на одличната атмосфера во градскиот парк.

Публиката во еден глас ги пееше нивните познати теми „Уште ми фалиш“, „Корона чао“, „Слика“, „Цреши охридски“ и други хитови од поранешните југословенски простори. 

Фестивалската програма продолжува вечерва со танцовата претстава Human во Летниот Амфитетар. 

За крај на фестивалот, организаторот ги најави и концертите на Владимир Четкар, Македонски Грув (Јовче Пандев и Ивана Василева), Влатко Стефановски и Дани Димитровска. 

Share via
Copy link