Двајца повредени по излетување на автомобил кај Ново Село
Утрово во 04:30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Струмица – Ново Село, на делницата помеѓу крстосницата за село Зубово и Ново Село, И.С.(22) од село Ново Село, управувајќи патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.
Во незгодата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, додека сопатникот И.Н.(19) од Ново Село се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Струмица.
Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.