Двајца жители на Босилово со сила одзеле пари од жител на Старо Коњарево
Полицијата соопшти дека на 09.01.2025 во 01.00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода С.М.(47) од Струмица и К.Ј.(59) од село Босилово, струмичко. Тие се сомничат дека околу 19:00 часот на 08.01.2025 во село Старо Коњарево, струмичко, со употреба на сила одзеле пари од Љ.Ј. од село Старо Коњарево.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.