fbpx

Дванаесет новозаразени во Струмица и четворица оздравени од Ковид-19

 Дванаесет новозаразени во Струмица и четворица оздравени од Ковид-19

Во регионот денес во Струмица и Гевегелија се регистрирани по 12 нови инфицирани од коронавирус, во Радовиш-5 и во Валандово тројца.

Во последните 24 часа се направени 1990 тестирања, а регистрирани се 317 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 182 -Куманово 12 -Дебар 3 -Штип 13 -Прилеп 5 -Тетово 8 -Велес 7 -Битола 6 -Охрид 1 -Кавадарци 4 -Гостивар 11 –Гевгелија 12 -Струмица 12 -Крива Паланка 3-Радовиш 5-Кочани 18 –Валандово 3 -Делчево 2 -Свети Николе 4 -Кичево 4-Ресен 1 -Неготино 1.

Починати се 4 лица, од Скопје (59г.), Струга(65г.), два пациенти од Гостивар (71г. и 76г.).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 104 оздравени пациенти од:

-Скопје 24 -Куманово 12 -Штип 3 -Прилеп 14 -Тетово 8 -Струга 3 -Велес 3 -Битола 5 -Кавадарци 2 -Гостивар 7 -Гевгелија 1 -Струмица 4 -Радовиш 4 -Кочани 6 -Пробиштип 2 -Македонски Брод 1 -Пехчево 1 -Берово 2 -Виница 1 -Кичево 1.

Досега во земјата се направени вкупно 199.372 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 19413, бројката на оздравени пациенти е 15749, на починати е 772, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2892.

Share via
Copy link