Општина Гевгелија донираше 1,5 милиони денари за настраданите во Кочани
Угостителски објект од Струмица доби четири кривични пријави од полицијата
СВР Струмица поднесе четири кривични пријави против приватна фирма од Струмица и З.Х.(36) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, објавено е денес во полицискиот билтен.
На 22.08, 29.08., 06.09. и 12.09.2020 пријавените постапиле спротивно на протоколот за отворање и работа на кафетерии и угостителски објекти за исхрана, односно на повеќе стоечки маси немало средства за дезинфекција, а околу масите биле присутни повеќе лица од дозволеното. Исто така, во објектот имало организирано и музички настапи без да биде обезбедно потребното растојание помеѓу гостите и естрадните уметници.
СВР Струмица поднесе и две кривични пријави против две правни лица од Струмица, против А.Р.(25) од Струмица и Н.М.(30) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
На 22.08. и 29.08.2020, пријавените постапиле спротивно на протоколот за отварање и работа на кафетерии и угостителски објекти за исхрана, односно на повеќе стоечки маси немало средства за дезинфекција и околу нив биле присутни повеќе лица од дозволеното. Исто така, во објектот имало организирано и музички настапи без да биде обезбедно потребното растојание помеѓу гостите и естрадните уметници.