„Комуналец“ почна со чистење на дивите депонии во населените места
Промоција на туристички водич и мобилна апликација на пет јазици-Монументал МК
Промоцијата на туристички водич и мобилна апликација на пет јазици,
вебсајт и промотивни сувенири за новата туристичка тура Монументал МК –
Споменици и бруталистичка архитектура на Северна Македонија ќе се
одржи на 9 октомври 2020 година (петок) од 12- 13 часот во хотел „Солун“
во Скопје, соопштија од Институтот за стратешки истражувања и едукација (ИСИЕ) од
Скопје.
Овој настан ќе се реализира во рамките на проектот „Споменици и
бруталистичка архитектура во Северна Македонија: Поттикнување на
туристичката промоција за поддршка на локалниот развој“ имплементиран од
страна на Институтот за стратешки истражувања и едукација (ИСИЕ) од
Скопје. Главната цел на проектот е да се поттикне локалниот развој преку
мапирање на локации и развој на нова и автентична тура која домашните и
странските туристи ќе можат да ги искусат преку користење на нови
иновативни алатки за туристичка промоција.
Проектот е финансиран од грант на Проектот за развој и промоција на туризмот на Регионалниот совет за соработка и Европската Унија во обид да се придонесе за растот и конкуренцијата на шест економии од Западниот Балкан преку поддршка за
развој и промоција на заедничката регионална, културна и алтернативна
понуда.
Инаку, во новата тура се опфатени и локации во Тетово, Штип и Струмица.
Мобилната апликација Monumental MK e веќе достапна на Google Play и iStore како и
на сајтот http://www.monumental.mk.