Со механизација и рачно се чистеше крајбрежието на Дојранско Езеро
Две лица се повредени во сообраќајка кај Баница
Во сообраќајна несреќа која се случи околу 11:00 часот кај селото Баница две лица се повредени и се пренесени на лекување во стрмичката болница, информираше портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска.
Во сообраќајната несреќа учествувале автомобил и запрежно возило.
Регионалниот патен правец Струмица-Баница- Вељуса моментно е затворен за сообраќај, а полицијата врши увид на местото на несреќата.
Полицијата ќе соопшти повеќе детаљи по завршувањето на увидот.