„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Две жртви во две сообраќајки за еден ден во струмичко
Вчера во 22.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Граничен премин „Ново Село“, во близина на село Самоилово, струмичко, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.С.(37) од село Самоилово, патничко моторно возило „шкода фабија“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.К.(24) од село Ново Коњарево и товарно моторно возило – влекач „мерцедес“ со полуприколка со турски национални ознаки, управувано од М.К.(42) од Република Турција.
На местото на незгодата починал С.С, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Струмица.
Со телесни повреди се здобиле Т.К. и сопатничката од истото возило А.Ј.(27) и М.К., констатирани во Медицинскиот центар Струмица.
Бил извршен увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица.
Инаку, вчера 07:50 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионалниот пат село Дабиље- село Петралинци, струмичко, во близина на крстосницата за село Сарај, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „ман“ со струмички регистарски ознаки, управувано од П.В.(31) од село Дабиле и патничко моторно возило „фолксваген голф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од И.Д.(48) од село Петралинци.
На местото на незгодата починал возачот И.Д., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Струмица. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Струмица.