Претреси на подрачје на СВР Струмица, пронајдена дрога, приведени дилери
Ефтим Ричлиев е најдобар спортист на Струмица за 2024 година
Одбојкарот на ОК Струмица и член на репрезентацијата, Ефтим Ричлиев е избран за спортист на годината на Струмица за 2024 година на изборот што вечерва се одржа во Младинскиот центар. Тој од жири комисијата доби масимален број бодови.
Второто место го освои фудбалерот Мартин Ѓоргиевски, член на Брера Струмица, а третото место одбојкарката на Струмица жени, Елена Пандева.
Најдобра спортска екипа во сениорска конкуренција е ОК Струмица, втора е ОК Струмица жени, а третопласирана е екипата на Брера Струмица.
Најдобар спортист во млади категории е одбојкарот Јован Милев, член на ОК Струмица, а најдобра екипа во млади категрии во екипен спорт се младинците на Брера.
Најдобар тренер во сениорска конкуренција во екипен спорт е Кирил Ричлиев, стратегот на ОК Струмица, а најдобар тренер во млади категории во екипен спорт е Тони Атанасов од Брера Струмица.
Најдобар спортист во индивидуален спорт е Антонио Ташков од „Тим Зоран“, а Александар Делиовски, исто така од Тим Зоран е најдобар спортист во млади категории во индивидуален спорт.
Најдобар тренер во индивисуален спорт е прогласен Зоран Спасов од КБК Тим Зоран.
Најдобра екипа во масовен спорт е Училишно спортскиот клуб „Гимеко спорт“ при СОУ „Јане Сандански“, а најдобар спортист во масовниот спорт е одбојкарот Трајче Коцев од СОУ „Јане Сандански“.
На 62 манифестација Избор на спортист плакети за јубилеите добија РК Астраин хендбол-10 години, Алипинистички клуб Скала-15 години постоење, Шотокан карате клуб Шихан-30 години, Стрелачки клуб Струмица-60 години.
Минатата година успеси имаше членот на Здружение за спорт и рекреација на лица со инвалидитет, Игорчо Постолов во пинг-понг.
Фото: Општина Струмица