Изгореа покрив и спрат во пожар во куќа на улица „Спиро Захов“
Филипче: Надлежните инспекторати и МВР да спроведат истраги околу работата на ноќните клубови
Министерот Венко Филипче бара МВР и надлежните институции итно да реагираат и спроведат истрага за работата на ноќните клубови.
„Гледам фотографии на социјалните медиуми од журки и забави во повеќе градови без да се почитуваат протоколите и мерките за заштита од Ковид-19. Барам итно надлежните институции – МВР и надлежните инспекторати да спроведат истраги и да ги санкционираат овие собирања на недозволен начин! Младите мора во целост да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирус, да се заштитат себе си и своите најблиски, да носат задолжително заштитни маски, да одржуваат хигиена и дистанца. Клучно е сите да ги почитуваат мерките за да се спречи ширењето на вирусот и секое непочитување на мерките да биде соодветно санкционирано.“