fbpx

Академија Пандев ремизираше со Силекс

Академија Пандев во втората пријателска средба што се одигра денес на комплексот „Горан Пандев“ ремизираше со Силекс и тоа со резултат 1:1.

Во интересен и квалитетен натпревар за оваа фаза од подготовките, двете екипи имаа имаа свои моменти и периоди од играта. Први поведоа екипата од Кратово со голот на Дејан Тантуровски во 18.минута и водеа се до 84.минута кога Сашко Пандев со гол за домашните ги постави конечните 1:1.

На овој пријателски натпревар не настапи новото засилување Марјан Радески. Наредниот натпревар Академија Пандев ќе го одигра на 25 јули против екипата на ФК Кожув.

Share via
Copy link