„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“ испрати 20 тони производи хуманитарна помош во Украина
Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“ испрати 20 тони производи македонска хуманитарна помош за војската и за цивилното население во Украина, информираше на својот Фејсбук-профил поранешниот премиер Зоран Заев.
„Помошта ја доставивме во координација со Горениук Олександр, пратеник во Парламентот на Украина. Помошта пристигна во Одеса, стратешка позиција на демократска Украина, но и град од каде нашиот Крсте Петков Мисирков дејствуваше за македонските работи, пишува Заев. Поддршката на независноста и суверенитетот на Украина и осудата на руската воена инвазија, Заев порача дека е јасна позиција на државата како припадник на западниот, демократски и мирољубив свет.“