Утре СДСМ Струмица организира трибина во Домот на АРМ
Утре, 14.06.2022 (вторник) во 19 часот во Дом на АРМ, ОО СДСМ Струмица ќе одржи трибина за политиките и мерките кои ги спроведува Владата на Република Северна Македонија.
Говорници на трибината ќе бидат претседателот на ОО СДСМ Струмица Борче Цветков министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и пратеничката во Собранието на РСМ Љубица Спасова.
Општинската организација на СДСМ поканува на присуство на оваа трибина со цел запознавање со моменталните мерки кои стојат на располагање пред граѓаните, како и идните политики кои е предвидено да се реализираат од владата, која во центарот на својот интерес ги има граѓаните.