„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ со честитка за 24 Октомври-Денот на Обединените нации
Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ на Организацијата на Обединетите нации на чело со нејзиниот генерален секретар Антонио Гутереш, како и на сите земји членки на ОН, им го честита 24 Октомври – Денот на Обединетите нации.
Ако татковината – Република Северна Македонија е наш дом, дом на сите граѓани и народи кои живеат во неа, тогаш Организацијата на Обединети нации е заедничкиот дом на сите 193 земји од светот кои се нејзини членки. Овој дом е и наш дом, овој ден е и наш ден, бидејќи сме земја членка, земја која следната година ќе одбележи 30 години од своето членство во ОН.
Денес, кога светот го демнат бројни опасности, пред Обединетите нации е исправен предизвикот за изнаоѓање соодветни решенија за секоја од тие опасности. Тоа значи максимален влог и доследно исполнување на основните цели на ОН: да го одржува меѓународниот мир и безбедност, да развива пријателски односи меѓу нациите врз принцип на почитување, еднакви права и самоопределба на народите, да постигнува меѓународна соработка при решавање на меѓународни проблеми од економски, општествен, културен или хуманитарен карактер и да биде центар за усогласување на националните постапки за постигнување на заеднички цели.
Граѓаните, народите и земјите од сите светски меридијани заслужуваат подобар свет, свет на разбирање, соработка и градење мостови, свет со сите неопходни услови за достоинствен живот. Под закрилата на Обединетите нации, таквиот свет мора да биде наша реалност.
Нека е честит и вековит 24 Октомври – Денот на Обединетите нации.