fbpx

Тројца повредени во сообраќајка кај Дабиле

Синоќа во 23:10 часот на магистрален пат А4 Струмица – Ново Село, во близина на село Дабиле се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген поло“ со италијанска национална ознака, управувано од В.А.(52) од село Еднокуќево, струмичко, патничко возило „ауди а3“, управувано од М.М.(31) од Струмица и патничко возило „фиат типо”, управувано од М.К.(52) од Струмица, двете со струмички регистарски ознаки, соопштија денеска од МВР.

Во несреќата возачите В.А. и М.М. се здобиле со тешки телесни повреди, а возачот М.К. се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Share via
Copy link