fbpx

Гевгеличанка наместо во самоизолација се разладувала на базен

 Гевгеличанка наместо во самоизолација се разладувала на базен

На ден 02.07.2020 година, во 14,30 часот, на базен во Гевгелија не придржувајќи се на одлуката на Владата и решение за самоизолација од државен санитарен и здравствен инспекторат, поради постоење на сомневање дека е сторител на кривично дело казниво по чл. 205 и чл.206 од Кривичниот Законик,  лишена од слобода е лицето А.Г(31) од Гевгелија .

По комплетирање на настанот за лицето ќе биде изготвена соодветна кривична пријава за сторено кривично дело казниво по член 205 и чл.206 од Кривичниот Законик.

Известен е јавен обвинител. Лицето е спроведено во државен карантин.

Извор: Соопштение на СВР-Струмица

Share via
Copy link