fbpx

Голема акција на „Комуналец“ в недела за чистење на отпадот во градот

 Голема акција на „Комуналец“ в недела за чистење на отпадот во градот

В недела ЈПКД „Комуналец“ Струмица од 07 до 16 часот започнува со голема акција за чистење отпад во градот Струмица. Во акцијата е планирано да се испразнат сите контењери, да се исчисти сметот околу нив, како и да се исчистат сите мини депонии направени од несовесни граѓани низ улиците на градот.

-За да не се повторува ваквата грда и лоша слика со мини депонии по улиците апелираме до сите граѓани кои имат секаков вид смет по дворовите и подрумите истиот да го извадат пред дворовите и да го пријават на телефонскиот број 13-110 во сабота од 07 до 19 часот како и во недела од 07 до 12 часот и истиот ке биде подигнат во текот на акцијата, информираат од „Комуналец“.

Истиот ден ке биде исчистена и трим патеката до манастирот Свети  Илија,  како и просторите  околу манастирот и  Царевите Кули.

-Оваа се со цел да овозможиме пријатен престој и уживање во убавината на овие локалитети кои ќе бидат посетени од голем број граѓани за време на празникот Свети Илија, додаваат од ЈПКД „Комуналец“.

Струмичките комуналци апелираат до граѓаните да ја чуваме природата чиста и убава и  укажуваат до сите посетители својот отпад да го фрлат исклучиво во кантите за отпад.

-Да дадеме придонес со тоа што сите својот отпад ќе  го соберат во кеса и истата ја депонираат во најблиската канта за отпадоци. Колку повеќе се грижиме за природата толку повеке ќе уживаме во целиот нејзин раскош, стои во информацијата од ЈПКД „Комуналец“.

Share via
Copy link