fbpx

Градоначалникот Костадинов ги кани граѓаните на првата форумска сесија за креирање на буџетот

 Градоначалникот Костадинов ги кани граѓаните на првата форумска сесија за креирање на буџетот

Вечер ќе се одржи Првата форумска сесија во 18:00 часот во ДОМ на АРМ (Голема Сала) . Првата буџетска форумска сесија е во реализација на програмата Форуми во заедницата – Буџетски форум  во Општина Струмица 2021/2022 година.

Целта на форумите во заедницата е да се зголеми учеството на граѓаните во процесот на креирање и реализација на Буџетот на општината и зголемување на транспаретноста на општината.

На првата буџетска форумска сесија граѓаните ќе имаат  можност да се запознаат со процесот на буџетирање и структурата на буџетот на општината, како и со планираните приоритети за развој за 2022 година.

Вашето присуство, активно учество и Вашиот придонес ќе биде од особено значење за успешно спроведување и реализација на Форумот во заедицата –  Буџетски форум  во Општина Струмица 2021/2022 година со што ќе ја потврдиме транспаретноста и партиципативноста на граѓаните во креирање на општинските политики и креирање на општинскиот Буџет.

Форумскиот процес се организира и спроведува целосно и усогласено со важечките Мерки од Ковид 19.

Share via
Copy link