fbpx

Градоначалникот Костадинов и директорот на „Комуналец“, Горгиев, организираа Ифтарска вечера

 Градоначалникот Костадинов и директорот на „Комуналец“, Горгиев, организираа Ифтарска вечера

-Во нашата традиција, храната е повеќе од оброк. Храната е дел од нашиот идентитет. Таа е добронамерност, споделување, отворен разговор, заедништво. Ифтарската вечера е потсетник на ваквите, вистински важни работи во животот. Со добар оброк, со убав муабет, со пријатели и побогати како личности и посреќни. Јас како иницијатор заедно со струмичкото ЈПКД „Комуналец“ вечерва покажавме како ние се грижиме за вработените кои ја прават Струмица поубава, почиста, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

Share via
Copy link