fbpx

Градоначалникот Костадинов и претседателот на Советот, Даскаловски во посета на Италија

 Градоначалникот Костадинов и претседателот на Советот, Даскаловски во посета на Италија

-Нови промоции, размена на искуства, нови идеи и планови на завршниот дел од промоцијата на италијанско – македонска стопанска комора „АПИ НОРДЕСТ„ во Италија, објави градоначалникот Костадин Костадинов.

-Бев почестен со признанието што ми беше врачено од претседателот на комората Мумир Шемши за мојот несебичен влог во Првата италијанско – македонска стопанска комора.И на официјалниот и неформалниот дел со претседателот на Советот Марјан Даскаловски,ги промовиравме нашите потенцијали и општинските поволности што ги нудиме за инвеститорите.Струмица, нашата позната и призната Општина во меѓународни рамки е интересна за странските инвеститори и ќе направиме се, тие своите бизнис идеи да ги реализираат кај нас.Уште еднаш, средбите со претставниците на локалните и државните институции потврдија дека имаме цврсто пријателство со Италија и големи потенцијали за соработка во повеќе области, напиша Костадинов.

Посетата беше во организација на Асоцијацијата „АПИ НОРДЕСТ“ и генералниот конзул на нашата земја во Италија, Стојан Витанов.

Share via
Copy link