fbpx

Градоначалникот Костадинов ја продолжува посетата на Турција

 Градоначалникот Костадинов ја продолжува посетата на Турција

-Работно и во недела далеку од Струмица, но со нови средби и искуства пак за нашата Струмица.Денеска во уште еден прекрасен град во пријателска Турција, Маниса. Остваривме работни средби со Валијата Јашар Карадениз и градоначалникот Џенгиз Ерѓун.Прекрасни домаќини, гостопримливи и пријателски расположени.Разговаравме за потенцијалите на нашите Општини и како да ги искористиме за поголема соработка во интерес на граѓаните од двете Општини, објави Костадинов.

-Убава и полна со емоции беше средбата со македонските здруженија во Маниса.Им благодарам за промовирањето на македонските традиционални вредности, напиша струмичкиот градоначалник.

Во посета на Турција во состав на македонската делегазија се министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, градоначалниците на Чашка и Маврово-Ростуше и директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Фатон Асани.

Share via
Copy link