fbpx

Гранде Пандев објави крај на кариерата, заминува во заслужена фудбалска пензија

 Гранде Пандев објави крај на кариерата, заминува во заслужена фудбалска пензија

Најдобриот македонски фудбалер на сите времиња, Горан Пандев во интервју за италијанскиот весник „Газета дело спорт“ изрази желба да остане да работи во фудбалот, како спортски директор или како менаџер.

Нашата фудбалска легенда по крајот на минатата сезона остана без ангажман откако сезоната ја заврши во италијанскиот второлигаш Парма, по што беше извесно дека ветеранот ќе му каже збогум на фудбалот.

Заминувањето во фудбалска пензија популарниот Гоче го објави во изјавата за италијанскиот весник „Газета дело спорт“, потенцирајќи дека во иднина ќе посвети повеќе време на семејството.

„По 20 години… Мојот најстар син има 13 години, а јас го гледав само на паузите меѓу првенствата. Сега е време да се посветам на најблиските. Потоа сигурно ќе работам нешто во фудбалот, затоа што не знам ништо друго да правам. Добра беше промената, летово бев без клуб и можев да се опуштам малку, да не тренирам со месеци. Не знам што би работел, но тоа нема да биде тренер. Можеби агент или спортски директор во некој клуб“, изјави нашиот легендарен капитен Горан Пандев за најтиражниот спортски весник во Италија, „Газета“.

Share via
Copy link