fbpx

Иван Стаменовски нов директор на ЈП „Паркиралишта“ Струмица

 Иван Стаменовски нов директор на ЈП „Паркиралишта“ Струмица

Од вчера нов директор на ЈП „Паркиралкишта“ Струмица е диплмираниот инжинер по електротехника, Иван Стаменовски. Вработен е во ова претпријатие и го замени досегашниот директор Митко Бујуклиев.

Новиот директор најавува средување на неправилностите во паркирањето, транспаретно работење, подобрување и поквалитетно извршување на услугите што ги дава ова јавно претпријатие.

Со одлука на градоначалникот Костадин Костадинов ова е прва смена на директорска позиција во јавни претпријатија по неговото доаѓање на чело на Општина Струмица.

Share via
Copy link