Општинарите и граѓаните даруваа крв по повод празникот Свети петнаесет
Изгоре „југо“ во сообраќајка кај Марвинци, возачот се уште не е идентификуван
Вчера во Полициска станица Валандово било пријавено дека околу 05:10 часот, на магистрален пат А1 во близина село Марвинци, на место викано ,,Надвозник“, патничко возило „југо корал 45“, со велешки регистарски ознаки, сопственост на Г.П.(70) од Гевгелија, а управувано од непознато лице, удрило во бетонски столб од надвозник, при што од ударот настанал пожар во возилото, кое целосно изгорело, а возачот починал на местото, соопшти МВР.
Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Валандово, а од лекар била констатирана смрт кај возачот. Увид на местото на незгодата извршила екипа од Полициска станица Валандово, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.