fbpx

ЈАВЕН ПОВИК до спортските здруженија и други правни лица во областа на СПОРТОТ од Општина Струмица

 ЈАВЕН ПОВИК до спортските здруженија и други правни лица во областа на СПОРТОТ од Општина Струмица

Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија број 5/02“),  член 39 од Статутот на Општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица”  бр. 4/03, 2/06, 15/07, 2/10, 21/10, 1/15, 8/18, 16/19 и 29/19) и Програмата за активностите на Општина Струмица во областа на спорт и млади во 2024 година, бр. 08-11069/1 од 28.12.2023 година, донесена од Советот на општина Струмица, Градоначалникот на Општина Струмица објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

До спортските здруженија и други правни лица во областа на СПОРТОТ од Општина Струмица. Јавниот повик е во рамките на програмата за спорт (L0) за распределба на средства од Буџетот на Општина Струмица за 2024 година.

Право на учество

– Како субјекти кои можат да конкурираат се спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот кои имаат Решение од Агенција за млади и спорт за вршење дејност спорт

– Субјектите мора да се формирани и делуваат на територијата на Општина Струмица.

Основни критериуми кои треба да ги исполнуват здруженијата на граѓани и и други правни лица во областа на спортот
кои учествуваат на овој повик се:

– го поттикнуваат и унапредуваат соодветниот спорт;

– ја реализираат утврдената програма за развој на спортот.

– ги усогласуваат и координираат програмските активности на здруженијата;

– го организираат и спроведуваат системот на натпревари

– се грижат за унапредување на стручната работа и усовршување на стручните кадри

– се грижат за унапредување на младите категории

Потребна задолжителна документација која спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот треба да ја достават:

-Документација од извршена регистрација на субјектот (Тековна состојба во оригинал) не постара од 1 месец издадена од Централен Регистар на Република Северна Македонија;

– Годишна програма за работа за тековната 2024 година;

– Извештај за потрошените средства доколу имаат добиено од Општина Струмица за минатата 2023 година;
(Важи само за спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот кои имаат добиено средства од Општина Струмица минатата 2023 година )

– Формулар за аплицирање (ПРИЈАВА) кој може да се подигне од општина Струмица или од ВЕБ страната на општината www.strumica.gov.mk.

– Решение од Агенција за млади и спорт за вршење дејност спорт
– Прилози, фотографии, награди и др.

   Апликационен формулар

Рок и начин на доставување на пријавите:. Крајниот рок за поднесување на пријавите  е осум дена од денот на објавувањето на Јавниот повик. Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку пошта или лично на адреса:`

Општина Струмица

Ул.„Сандо Масев“ Бр.1

2400,Струмица

или во архива на Општина Струмица

На пликот треба да стои  (НЕ ОТВАРАЈ)  со назнака за LО (Спорт)

Напомена: Пријавите со непотполна документација или пристигнати по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат. Доставените прилози не се враќаат. Апликантите кои ќе дадат неточни податоци во формуларот за аплицирање (пријавата) и останатите  документи ќе бидат одбиени без право да аплицираат во наредните 2 години.

Share via
Copy link