fbpx

Јавен повик за ослободување од плаќање на надомест за престој на деца на самохрани родители во градинка

 Јавен повик за ослободување од плаќање на надомест за престој на деца на самохрани родители во градинка

Врз основа на Програмата Д0 – Програма Градоначалник („Службен гласник на Општина Струмица“ бр.27/21), на ден 01.02.2022 година се објавува:

Ј  А  В  Е  Н      П  О В И К

за

пројавување интерес согласно Одлука за ослободување од плаќање на надомест за престој на деца на самохрани родители во ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица

Право на партиципација во јавна установа за деца – „Детска радост“ Струмица се остварува за дете од семејство на самохрани родители кои земаат плата пониска од просечната месечно исплатена нето плата на ниво на Република Северна Македонија или невработени лица и живеат на територија на Општина Струмица.

Самохрани родители кои влегуваат во оваа категорија и имаат право на ослободување на плаќање надомест за престој на своите деца од одобрување на пријавите до 31.12.2022 година се:

-Eден од родителот е починат

-Eден од родителот е непознат

– Дете од разведен брак

2.Подносителот на пријавата – самохран родител кој ги исполнува горенаведените критериуми, за остварување на правото за ослободување на плаќање надомест за престој на деца во ЈОУГД „Детска радост „ Струмица треба да ги приложи следните документи:

-Пријава за пројавување интерес согласно Одлуката за ослободување од плаќање на надомест за престој на деца на самохрани родители во ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица (може да се преземе од веб страната на Општина Струмица или од архивата при Општина Струмица)

– Фотокопија од лична карта на подносителот на пријавата

– Потврда за просечна плата на самохраниот родител за последните три месеци

-Потврда од Агенцијата за вработување доколку подносителот е невработено лице евидентирано во Агенцијата;

-Фотокопија од извод на матична книга на родени на детето

-Доколку едниот родител е починат, фотокопија од извод на матична книга на умрени

-Доколку родителите се разведени, доказ за престанок на брак

Во рамките на Јавниот повик се предвидени финансиски средства во износ од 3.576.000,оо денари од Буџетот на општина Струмица за ослободување на плаќање надомест за престој на  деца на самохрани родители кои ги исполнуваат горенаведените критериуми. Изборот ќе се врши од страна на комисија формирана од Градоначалникот на општина Струмица, по принципот „Прв дојден, прв услужен“.

За да бидат прифатени пријавите целокупната документација е потребно да се достави исклучиво по препорачана пошта или лично во архивата на Општина Струмица, во запечатен плик на кој е назначено дека е за Јавен повик – за пројавување интерес согласно Одлука за ослободување од плаќање на надомест за престој на деца на самохрани родители во ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица, во работни денови од понеделник до петок, помеѓу 08:00 и 16:00 часот, започнувајќи од 01.02.2022 година заклучно со 18.02.2022 година.

На предната страна на пликот Во горниот лев агол освен горенаведеното да стои и: „Не отварај“, а во долниот десен агол да стои: Општина Струмица, Ул.„Сандо Масев“ бр. 1.

Напомена!

Пријавите со непотполна документација или пристигнати по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат. Апликациите кои ќе пристигнат по зададениот рок ќе бидат разгледани само доколку на поштенскиот печат стои датум на испраќање кој е со официјалниот краен рок.

Лице за контакт: Нела Масалковска

е-маел nela.masalkovska@strumica.gov.mk

Share via
Copy link