Полицијата улови повеќе лица кои вршеле превоз на патници на диво
Јавното обвинителство за украдениот мртовец од струмичката болница
Откако било известено од МВР, Јавното обвинителство почнало да постапува по вчерашното подигање на мртовецот од инфективното одделение при струмичката болница. Обвинителството издало насоки да се извршат проверки и во моментот полицијата постапува по дадените наредби и се испитува медицинскиот персонал и се работи на утврдување на идентитетот на тие што го подигнале телото, информираат од ЈО.
Оттаму додаваат дека според првичните сознанија немало насилство од лицата кои го подигнале телото кон медицинскиот персонал, ниту пак кршење или уништување на инвентарот.
Досега бил утврден идентитетот на три лица, а од ЈО најавуваат дека по собирањето на потребната документација и утврдувањето на идентитето на сите учесници ќе биде поднесена кривична пријава за непостапување по здравствени прописи.
Од струмичката полиција за вчерашниот настан информираа дека лекар од Инфективното одделение при струмичката болница пријавил дека околу 09:30 часот кај нив бил донесен пациент Џ.Р.(49), кој за кратко време потоа починал.
-Според пријавеното, откако биле известени најблиските на починатиот и од персоналот им било напоменато дека е можно да бил инфициран од вирусот Ковид-19, тие почнале да се однесуваат агресивно и го навредувале персоналот, по што влегле во објектот на инфективна болница и заедно со креветот го изнеле надвор од објектот, а потоа го ставиле во патничко возило со кое заминале, известуваат од СВР Струмица.
СВР Струмица во координација со јавен обвинител презема мерки за целосно расчистување и документирање на настанот.