fbpx

Југослав Тренчовски кариерата ќе ја продолжи во кувајтскиот прволигаш Ал Араби

 Југослав Тренчовски кариерата ќе ја продолжи во кувајтскиот прволигаш Ал Араби

Поранешниот тренер, спортски директор и координатор на сите селекции во Академија Пандев, Југослав Тренчовски, кариерата ќе ја продолжи во кувајтскиот прволигаш Ал Араби.

Tренчовски во новата средина ќе работи како главен тренер на младинскиот тим, а ќе биде и технички директор на сите категории почнувајќи од 15 години.

Поранешниот предводник на „пандевци“ во кувајтскиот тим ќе остане до крајот на сезоната, со можност соработката да биде продолжена на уште една година.

Share via
Copy link