fbpx

Kaj дилери од Струмица пронајдени кокаин и марихуана

 Kaj  дилери од Струмица пронајдени кокаин и марихуана

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица, денеска во Струмица ги лишиле од слобода струмичаните Б.Х.(28) и М.Д.(33).

Како што соопшти МВР, при преглед на Б.Х. биле пронајдени шест пакувања со кокаин, а при претрес во домот на М.Д., извршен со судска наредба на Основен суд Струмица, биле пронајдени две ќеси со кокаин и две пакувања со марихуана.

Лицата се приведени и задржани во Полициската станица Струмица, известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот тие ќе бидат изведени пред Судија на претходна постапка од Основен суд Струмица, а против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share via
Copy link