Од викендов „Комуналец“ почнува со есенско рачно и машинско чистење на улиците низ Струмица
Кај гевгеличанец полицијата пронашла кокаин

Вчера во 14:45 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода А.К.(45) од Гевгелија. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени кокаин, предмети со остатоци од бела прашкаста материја и предмети со остатоци од растителна материја.
Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Фото: илустрација архива