„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Кај жител на Подареш полицијата пронајде 60 стебла канабис
Вчера полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш, постапувајки по наредба на Основен суд Радовиш, извршиле претрес во домот и помошните простории на А.П.(67) од село Подареш, радовишко. Притоа, во дворот пронашле и одзеле 60 стебла од растението канабис, за кои постои сомнение дека ги засадил и одгледувал неговиот син С.П., соопштија денеска од СВР Струмица.
За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик.
Фото: архива