fbpx

Кривична пријава против струмичанец за повеќе кривични дела

 Кривична пријава против струмичанец за повеќе кривични дела

Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против Д.Г.(37) од Струмица, поради постоење основи на сомнение дека сторил повеќе кривични дела „тешка кражба“ по член 236 и кривични дела „предизвикување на општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик, соопштија денеска од МВР.

Пријавениот Д.Г. кривичните дела ги извршил во периодот од 21февруари до 30 март 2022 година на тој начин што во повеќе наврати со употреба на сила и алат пресекол и украл делови од надворешни единици на фрижидери во неколку маркети во Струмица, како и делови од гасоводната инсталација на два објекта во Струмица. 

Share via
Copy link