fbpx

Карневалските маски „Струмичка корида“ и „Струмички глуварчиња“ на Карневалот во Панчево

 Карневалските маски „Струмичка корида“ и „Струмички глуварчиња“ на Карневалот во Панчево

На 21-виот меѓународен карневал во Панчево, Србија, кој се оддржа од 16-ти до 18-ти јуни 2023 година, меѓу 30тина групи, свое место имаа и двете струмички карневалски групи: ООУ “Видое Подгорец” Струмица со карневалската маска ” Струмичка корида”, и СОУУД “Димитар Влахов” со карневалската маска”Струмички глуварчиња”.

-Преку посебното претставување на странските групи, ден пред главната карневалска вечер , домаќинот на карневалот им даде неповторлива можност со кореографските настапи да се претстават карневалските групи меѓу кои и нашите во најдобро светло и го свртат вниманието на домашната публика врз раскошните креации на карневалските маски со кои настапија, информираа од Струмичкиот каневал.

-Главната карневалска поворка,, пак, која ја следеше огромен број публика, беше уште една прилика да се потврди високото ниво на креации по кое Струмичкиот карневал е познат и признат и надвор од нашата земја, додаваат од Струмичкиот карневал

Share via
Copy link