Костадинов: Жените се срцето на нашата заедница – основата на нашите семејства
Казнети 74 лица за брзо возење на подрачјето на СВР Струмица
На 05.03.2023 во периодот од 12:00 до 18:00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената.
Притоа, биле констатирани 74 пречекорувања на брзината, од кои 34 на подрачје на Радовиш, 24 на подрачје на Струмица, 12 на подрачје на Валандово и 4 на подрачје на Гевгелија.
Од нив, 38 прекршувања на брзината биле констатирани во населено место, а 36 надвор од населено место.
Сите прекршоци биле соодветно санкционирани.