fbpx

Јапонија донира нов Ултразвук на Гинекологија во струмичката болница

 Јапонија донира нов Ултразвук на Гинекологија во струмичката болница

Денеска ЈЗУ „Општа Болница” Струмица потпиша договор со амбасадорот на Јапонија Оцука Казуја за Грант проект за набавка на ултразвучен систем преку GGP програмата на Јапонската амбасада- ” Грант помош на мали проекти за човекова безбедност”.

Станува збор за вкупна вредност на одобрени средства од 3.133.693,00 МКД (51.462 ЕВРА).

-Огромна благодарност до почитуваниот амбасадор за овој прв грант проект -донација за ЈЗУ Општа Болница Струмица од Јапонската амбасада ,кој е од огромно значење за одделот гинекологија со акушерство во нашата болница.Новиот 4D ултразвук ќе овозможи подигање на нивото на здравствената заштита на бремените жени и новороденчињата, повисоко ниво во скринингот и дијагностичкиот пристап и развој на перинатологијата во нашата болница и пошироко во југоисточниот регион. Огромна благодарност до Почитуваниот амбасадор на Јапонија Н.Е.Оцука Казуја и јапонскиот народ , за соработката, поддршката, пријателството и алтруизмот кое го споделуваат со Нас и Нашата земја низ годините наназад во областа на здравството и кое се надевам ќе продолжи и во иднина, објавија денеска од струмичката болница.

Share via
Copy link