fbpx

Загина тракторист од Вељуса

 Загина тракторист од Вељуса

На 1 овој месец во Полициската станица Струмица било пријавено дека В.М.(72) од село Вељуса, струмичко, управувајќи трактор во нива во атарт помеѓу селата Ангелци и Вељуса, изгубил контрола и се превртел со тракторот, соопштија од СВР Струмица.

Од здобиените повреди В.М. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Струмица. Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица.

Фото: архива

Share via
Copy link