fbpx

Ќе се реконструира тунелското осветлување во подземната сообраќајница

 Ќе се реконструира тунелското осветлување во подземната сообраќајница

Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ ги известува граѓаните дека од 08 август ќе започне со реконструкција, односно замена на тунелското осветлување на подземната сообраќајница под плоштадот „Гоце Делчев“, информираа денеска од Општина Струмица.

Реконструкцијата е дел од јавна набавка, а целта е да се подобри функционалноста на тунелското осветлување и да се обезбеди подобра фотометриска распределба на осветлувањето.

Работите ќе отпочнат од улицата „Моша Пијаде“ (влезот на тунелот) до пресек со улицата „Невена Стојкова“ и булеварот „Маршал Тито“, односно до вертикалната сигнализација – семафорите во подземната сообраќајница и согласно тековните ангажмани ќе продолжат кон улицата „Невена Стојкова“ и кон булеварот „Маршал Тито“ со што повремено ќе бидат затворени пристапните точки во текот на работата.

Работните ангажмани ќе се спроведуваат секој работен ден вклучувајќи и сабота од 05:00 до 13:00 часот. За секоја евентуална промена во текот на работата граѓаните ќе бидат навремено известени.

Share via
Copy link